Јапонија ги заостри санкциите кон Русија по смртоносните ракетни напади
Јапонија денеска ја прошири листата на забранети производи за извоз во Русија и замрзна имот на руските официјални лица и субјекти.
Одлуката е донесена по вчерашните руски напади ширум Украина, при што загинаа 11 луѓе.
– Со оглед на ситуацијата околу Украина и со цел за придонесување во меѓународните напори за обезбедување мир, Јапонија ќе спроведе забрана за извоз во согласност со другите големи земји, се наведува во соопштението на јапонското Министерството за економија, трговија и индустрија.
Како дел од новите санкции, Јапонија, меѓу другото, од 3 февруари ќе забрани испорака нÐ ° производи на 49 организации во Русија, кои би можеле да ги користат за подобрување на руските воени капацитети.
Јапонија, исто така, ќе ги замрзне имотите на три ентитети и 22 поединци во Русија, вклучително и воздухопловната компанија АД Иркут, на производителот на ракети земја-воздух ММЗ Авангард, на заменик-министерот за одбрана Михаил Мизинцев и министерот за правда Константин Чуиченко, како и 14 лица поврзани со анексија на делови од југоисточна Украина.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер