Јанушев: Одговорно да се однесуваме кон своето здравје, во моменти кога вирусот се шири низ државава
Во моментите кога пандемијата со Корона вирусот се шири низ нашата држава мора одговорно и совесно да се однесуваме спрема своето здравје, а така ќе се однесуваме одговорно и спрема здравјето на своите блиски, но и кон самото општество.
Препораките се дека најдобриот начин за справување со вирусот е одбегнување на чести контакти со други луѓе, односно самоизолација.
На овој начин, освен што го штитиме своето и здравјето на нашите најблиски, го спречуваме и шокот врз здравствениот систем од преголем број на пациенти на кои им е потребна нега и третман одеднаш.
Од секој од нас зависи. Придржувајте се до препораките на епидемиолозите, ако морате да излезете – маска на лице, ракавици на раце и најважно, одговорно и мудро, затоа што секој живот вреди!
Интегрален текст од видео обраќање на Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани граѓани,
Како доктор во овие моменти можам да посочам дека потребна е дисциплина во однесувањето и придржување до препораките на здравствените организации и здравствените лица.
Јас и моите колеги на дневна основа даваме максимумот во превенција и заштита на здравјето на граѓаните. Тоа го прават и другите луѓе од службите кои се на терен и ги обезбедуваат спроведувањето на пропишаните мерки и протоколи.
Хигиената е многу важна, исто како и внимателноста во начинот на комуникација со другите луѓе и со блиските. Помогнете ни, за да можеме да помагаме на сите, заради тоа што секој живот вреди!
Останете дома, останете безбедни, ќе го пребродиме ова како нација, солидарни и сплотен!
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик