Македонија
28. July 2024 - 20:13

Јанушев: МВР и ЈО да влезат во Генералниот секретаријат, има индиции дека Владата се користела како штаб на СДСМ

 Генералниот секретар на Владата Игор Јанушев вечерва јавно го повика МВР, заедно со Јавното обвинителство да влезе во Генералниот секретаријат на Владата и да почне да проверува, како што рече, каков криминал е направен.

Во гостувањето на ТВ Сител, Јанушев покажа слики од депото на Владата од кои, напомена, може да се види дека Владата се користела како штаб на СДСМ. Покажа и јавен повик за доделување финансиска поддршка, креиран на 1 април 2022 година, кој бил направен како да е од 21 мај 2021-ва. Ова, истакна, е  кривично дело и за тоа, рече, некој треба да одговара. Покажа и фотографии од две машини на кои, според него, има сериозни индиции дека се печателе изборните материјали на СДСМ.

-Ова е само мал дел, со ова ја отвораме Пандорината кутија. Очекувам надлежните институции од утре да дојдат и да ги почнат соодветните постапки. Инаку, јас лично не правам проверки, туку гледам да ги средам работите што со години биле оставени. Можеби е банален примеров, но речиси две години не функционира главниот влез во Владата зашто скенерите ги оставиле неисправни и тоа е најмал дел од проблемот, потенцира Јанушев. 

Токму во неговата сегашна позиција - генерален секретар, Јанушев ја гледа причината за обвинувањата на СДСМ во врска со неговиот имот.

Тукја, објасни, нема ништо спорно, како што обвинува СДСМ. Досега трипати пријавил анкетни листови, секогаш кога стапувал на фунцкии, и оттаму, напомена, може јасно да се види што имал тогаш, а што има сега. За станот во Центар потсети дека е подарок од татко му и дека го пријавил пред повеќе од 1,5 година.

-Ова се прави за да се дискредитира моето име зашто овие три-четири недели откако сум генерален секратр гледаме се што правеле. Зошто СДСМ пред 1,5 година не покрена никаква постпака и не правеше тема од тоа што имам или немам? Ги повикувам институциите да проверат, да излезат во јавноста и да го затворат ова прашање, но и тие што ме напаѓаат, да соберат храброст и да ми се извинат, нагласи Јанушев.

Според него, тој што му го подарил станот, Љубенчо Јанушев, е неговиот татко.

-Нека проверат институциите како моите родители го стекнале имотот. Моите родители се интелектуалци, цел живот работеле и создавале. Не гледам и што е спорно што Тошковски има стан во истиот објект. Ние сме другари од детство, рече Јанушев.

Набавката на кинеските автобуси од 2009 година, дополни, нема никаква врска со негоивот имот.