Јансен: Трамп ќе му го остави Балканот на Путин
Новиот американски претседател Доналд Трамп нема да пројавува особен интерес кон Западен Балкан, а можно е и целосно повлекување на американските војници од овој регион, изјави за „Дојче Веле" германскиот политиколог и историчар Зибо Јансен.
Прашан дали може да се случи Трамп да му го препушти Западен Балкан на Путин, аналитичарот прогнозира дека Трамп целосно ќе се тргне од тие теми.
- Тој ќе рече дека тоа е европско прашање, а бидејќи Европејците не се единствени (на пример, државата Косово не е призната од сите членки на ЕУ), според моето мнение, во иднина Русија таму фактички ќе има голема улога и силно влијание, вели Јансен.
Германскиот експерт натаму оценува дека стравот на Приштина од поделба на Косово е оправдан.
- Претседателот на Србија индиректно им се закани со војна. Косовското раководство, за волја на вистината, исто така реагира воинствено, додава Јансен, посочувајќи дека косовските Албанци го сакаат Косово неделиво и цело, а Србите не сакаат да го признаат како независна држава и целат кон тоа да вратат барем дел од таа територија, поточно северниот дел.
- Доколку САД се оттргнат од овој проблем, опасноста од конфликт би била многу реална, нагласува аналитичарот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток