Јаневска: Бирото за развој на образованието не ги одобри учебниците за странски јазици заради нивниот неквалитет
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека оваа година учебници по сите предмети ќе има вклучувајќи ги Историја за петто, шесто и седмо одделение и Географија за седмо одделение, што повеќе години недостасуваа. Како што рече, нема да има учебници за странски јазици кои заради нивниот неквалитет не се одобрени од Бирото за развој на образованието. Таа најави дека следната година ќе има учебници за сите ученици.
-Нема учебници за странски јазици, англиски, германски, француски, италијански јазик. Длабоко се извинувам на јавноста за мојата лошо срочена изјава вчера кога бевме на увид на реконструкција на спортска сала во Гази Баба, при што не дообјаснив така како што треба. Потенцирам дека најголем број од учебниците за јазик и култура на заедниците, Бирото не ги одобрил заради неквалитет на понудените учебници. На пример, во понудените учебници се повторува материјал што децата го учат во својот сопствен мајчин јазик, на пример дефиниција за именка, заменка, предлог, она што го учат во мајчиниот јазик. Кога се изучуваат јазиците на заедниците, треба да се фокусираме на комуникативниот јазик, рече Јаневска.
Поентата е, како што појасни, дека треба да имаме квалитетни учебници. Напомена оти се надева дека Бирото за развој на образование за следната година веќе ќе одобри квалитетни учебници.
Јаневска посочи дека на веб-страницата на Бирото за развој на образование ќе бидат објавени одобрените учебници за јазик и култура на заедниците и неколку материјали за учење кои учениците ќе можат во овој можат во овој период да го изготват.
-Поентата е дека седум години наназад нашите ученици немаа учебници ниту по странски јазици, ниту учебниците за јазик и култура на заедниците. Идната година ќе ги имаат сите тие учебници, а оваа година на веб-страницата на Бирото за развој на образование ќе бидат објавени одобрените учебници за јазик и култура на заедниците и неколку материјали за учење кои они ќе можат во овој можат во овој период да го изготват. За квалиетен учебник треба време, додаде министерката.
Таа напомена дека следната 2025/26 година секој ученик ќе има свој учебник.
-Дополнително, првпат печатиме учебници за средно стручно образование цела прва година и одобрените учебници за втора година средно стручно образование. Како ќе се одобруваат следните учебници за втора, за трета, за четврта година, ние постојано ќе ги печатиме за децата да имаат од што да учат, додаде Јаневска.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз