Јаневска бара неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска замоли да им бидат дадени неколку дена на институциите за решавање на случајот со малолетникот и бојкотирањето на наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“ укажувајќи дека на ваков начин се стигматизира детето во јавноста.
- Ве молам да дозволите неколку дена веќе работиме тимски. МОН, Министерството за здравство и Министерството за социјала, демографија и млади го решаваме проблемот. Дозволете неколку дена да дојдеме до најсоодветното решение. Предвидуваме подлабоки, посериозни активности и постапки коишто ќе бидат во корист на детето и решавањето на целиот случај, изјави министерката Јаневска пред почетокот на свечената заклетва на новите членови на Мировниот корпус.
И покрај инсистирањето на новинарите за детали во случајот, таа рече дека нема понатаму да дискутира за ученикот, барајќи време да се реши случајот.
- Неможе цела македонска јавност да го сигматизира детето. Дајте ни време, дајте ни извесен период, време ќе го решиме случајот, рече Јаневска.
Третоодделенецот од чие однесување се жалат родители од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче требаше да биде префрлен во ОУ „11 Октомври“ во Центар. Родителите на учениците од „11 Октомври“ ја бојкотираа наставата, а по повлекување на одлуката и негово враќање во матичното училиште „Лазо Ангеловски“, тоа остана празно. Од Министерството за образование и наука информираа дека е формирана интердисциплинарна комисија која треба да го разгледа случајот и да донесе мерки коишто ќе бидат во интерес и на ученикот и на сите инволвирани страни.
Запрашана за применувањата на ТикТок предизвиците од учениците во училиштата, министерката за образование ги повика средношколците наместо тоа да се насочат на натпревари во образованието и науката.
- Ги повикувам средношколците наместо да имаат ТикТок натпревари да се насочат на натпревари во образованието и науката. Телефоните во училиштата можеме и да ги забраниме, но тие ќе им бидат достапни дома, во маало и во други средини. Децата треба предизвици да прифаќаат во образование и наука, а нивните родители, заедно со училиштето да ги насочат кон тоа, истакна Јаневска.
Одговарајќи на прашање за заштита на наставниците од психички и физички напади, министерката за образование најави дека наскоро ќе се носи нов закон за наставници и оти ќе се носат нови правилници и упатства.
- Постојат правилници, но наскоро носиме нов закон за наставници, нови правилници, нови упатства. Во пет месеци толку може да се направи, во следните пет ќе направиме уште толку и се надевам дека ќе се воспостави некаков ред, рече Јаневска.
Ново на Сител
-
Изминатите два дена 1455 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 348 за брзо возење
-
Кај шофер во службено возило на здравствен дом Берово пронајдена дрога
-
Влада: Од денеска до 15 септември училишниот прибор со намалени цени од 10 и 15 проценти
-
Десетици уапсени во Вашингтон по одлуката на Трамп за испраќање на Националната гарда
-
Приведени две лица во Куманово и Тетово за предизвикување на пожар
-
Презентација на нови 29 лесни оклопни возила за Армијата
-
Вкупно 29 пожари на отворено изминатите 24 часа, два сè уште активни
-
Германскиот канцелар го повика Путин да започне сериозни преговори со Трамп на Алјаска