Македонија
4. September 2019 - 12:40

Јанева дала наредба сите истраги на СЈО да се префрлат во ЈО

Специјалната обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во истражниот затвор во Шутка како осомничена за случајот „Рекет“, дала наредба сите истраги и предистражни постапки на СЈО во рок од три дена да бидат предадени на Јавното обвинителство, потврдија за МИА од СЈО.

Тоа значи дека целокупната документација, заедно со доказите и полномоштвата на обвинителите, треба да се префрлат во ЈО.

Мандатот на СЈО истекува на 15 септември. Неговиот иден статус треба да се реши со новиот закон за ЈО кој е во собраниска процедура, но за кој власта и опозицијата засега не можат да се усогласат.

Од СЈО најавија дека наскоро подетално ќе информираат за наредбата на Катица Јанева.