Јанев: Ниту еден бугарски војник нема да учествува во Украина доколку дојде до воени дејствија од Русија
Бугарскиот министер за одбрана, Стефан Јанев, на денешната вонредна седница на Националното собрание посветена на тензиите меѓу Русија и НАТО, изјави дека без одлука на парламентот или Советот на министри ниту еден бугарски војник нема да учествува во Украина, доколку во неа дојде до воени дејствија од страна на Русија.
Јанев ги предупреди сите во армијата да се подготват за одбрана на татковината, јави дописникот на МИА од Софија.
Според министерот, сите во Бугарија веруваат дека земјата е речиси на работ на драматичен конфликт на нејзина или на странска територија.
-Всушност, зборуваме за мерки кои Бугарија е во состојба да ги преземе, додаде Јанев.
Тој коментираше дека Бугарија ќе продолжи да се потпира на дипломатските напори за надминување на кризата. Според него, Бугарија повеќе не сака да биде само консумент на безбедноста, туку полноправна и полноценета членка на НАТО, поради што од владата ја бараат најдобрата опција.
-Бугарија ќе направи чекор кон развивање сопствен одбранбен потенцијал, во насока на подготовка на баталјонска борбена група на бугарски војници, под бугарска команда, користејќи ја националната командна група, што ќе биде наш официјален став, рече Јанев, додавајќи дека бугарските анализи не предвидуваат ескалација, планови за заштита на националната територија, ниту, пак, планови планираниот контингент да замине надвор од Бугарија.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости