Јанев: ГП Дојран со зголемени капацитети за побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила
Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи Александар Јанев денеска бил во посета на Граничниот премин Дојран каде се поставени, оспособени и од денеска функционираат две нови контролни точки, а истовремено се отворени и две нови линии за премин.
- Овој значаен чекор претставува резултат на заедничката идеја што ја инициравме пред неколку месеци заедно со колегите од ГП Дојран и Регионалниот Центар Југ. Денес, таа идеја стана реалност, истакнал директорот на БЈБ Јанев, дополнувајќи дека по децении, по транзиции на држави и администрации, ГП Дојран добива нова димензија, нов изглед кој овозможува побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила.
Со новите капацитети, според него, значително се намалува времето на чекање, особено во периодите со зголемен сообраќај.
- Овој проект не е значаен само за локалната заедница – регионот, туку и Македонија како и странските туристи кои добиваат вистинска можност за полесно и побрзо преминување на границата со Грција, преку ГП Дојран. Веруваме дека ова ќе придонесе за зголемување на туризмот, економска размена и уште подобра поврзаност меѓу двете земји. Ова е само уште еден доказ дека кога има волја и визија – резултатите не изостануваат, посочил Јанев, соопштуват од Министерството за внатрешни работи.
Директорот на Бирото за јавна безбедност денеска исто така остварил и работна посета и на ГП Богородица, каде директно од прва линија извршил увид на контролата и протокот на патници и сообраќај.
- Со новопоставениот раководител на ГП Богородица разговаравме за важноста на оваа контролна точка, за потребата од професионално, одговорно и посветено работење на сите полициски службеници кои работат на овој премин. На колегите им нагласив дека постојано се залагам и ќе се залагам за унапредување на условите, знаењето и посебно модернизацијата на полицијата со помош на современите дигитални алатки, кој секој полициски службеник треба да ги гледа и користи како придобивка и олеснување на работењето а не како терет или појава од која треба да се плашат, потенцирал тој.
Јанев нагласил и дека носењето на полициската униформа не е само професија, тоа е гордост и обврска, со што, како што посочил, се претставува државата и секој униформиран полициски службеник има чест да биде репрезент на националните вредности.
Продолжува посветеноста кон унапредување на граничната инфраструктура и создавање услови за модерен, ефикасен и безбеден граничен премин за сите граѓани, порачал директорот на БЈБ.
Ново на Сител
-
Обвинителство постапува за расчистување на физичкиот напад врз новинарската екипа на Алсат-М во Визбегово
-
Орбан: Зеленски е комичар кој глуми претседател
-
Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате
-
Тошковски: Ставени под контрола пожарите во Крива Паланка, Орман, Дојран, Николиќ и Волково
-
Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила
-
Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково, ангажирани припадници на Армијата
-
Пет пожари активни на подрачјето на Град Скопје
-
Обвинителството постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово