Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, кој ќе паузира неколку недели поради повреда на десниот зглоб, изјави дека процесот на рехабилитација се одвива според планот и оти „ќе се врати уште посилен“.
„Јас сум во процес на опоравување и сигурен сум дека ќе се вратам подобар и со поголема желба. Ќе се вратам посилен од кога било“, порача 17-годишниот шпански напаѓач во видеото кое го објави Барселона на својот профил на мрежата Икс.
Јамал, кој оваа година со Шпанија ја освои титулата на Европското првенство, се повреди на 15 декември при поразот на Барселона на домашен терен од Леганес (1:0). Каталонскиот клуб процени дека тој ќе биде надвор од терените три до четири недели.
Младиот Јамал е клучен играч на Барселона, а оваа сезона на 20 натпревари забележа шест голови и 12 асистенции.
Барселона е без победа на последните три натпревари во шпанското првенство и во моментов е третопласирана со 38 бодови, три помалку од лидерот Атлетико Мадрид.
Ново на Сител
-
Со вонредните контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители
-
Приведено лице заради службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“
-
Вучевиќ: Обвинение за трагедијата во Нови Сад во наредните недели
-
Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје
-
Утре пресуда за мајката и таткото на Коста - детето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград
-
Во Скопје и други градови изутринава претреси во врска со криумчарење луксузни возила
-
Хрватите гласаат на претседателски избори