Јакимовски: Чесниот Заев да одговори дали ми бараше 250 илјади евра
Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски смета дека Зоран Заев, претседателот на СДСМ не може да го обвинува дека се продал за пари, кога тој, како што вели бил снимен како бара пари, а и, како што вели и од него барал 250 илјади евра.
Побара Заев да му одговори дали барал од него 250 илјади евра. - Ми даде ливче или не? Кога ќе го покажам ливчето сите графолози на светот нема да те спасат, рече претседателот на ГРОМ одговарајќи на синоќешните обвинувања од Заев.
Јакимовски од Заев побара да одговори и зошто во Струмица има само 34, а во Карпош 319 проекти.
Му порача дека кога следен пат ќе сака да одржи митинг во Карпош, тој, како што рече, лично ќе му обезбеди да говори пред карпошани, а не како вчера пред триста Скопјани, кои најмалку биле карпошани.
Ново на Сител
-
Путин: Русија не ја исклучува можноста да испорача оружје на други земји
-
Маестро Шукри ги израдува децата со дијабетес
-
Експерти на ОН ги повикаа производителите на оружје да не го снабдуваат Израел
-
Нормализиран сообраќајот на патот Берово - Струмица
-
Притвор за велешанец за закани и насилство врз својата мајка
-
ЕВН Хоме ја прифати понудата од АД ЕСМ од 60 евра за мегават часови електрична енергија
-
Владата на Израел повтори дека е посветена на уништувања на Хамас
-
РСЕ: Се очекува ЕУ делумно и постепено да ги укинува мерките против Косово