Свет
20. јуни 2024 - 20:30

Путин: Русија не ја исклучува можноста да испорача оружје на други земји

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва не ја исклучува можноста да испорача оружје на други земји како одговор на испораката на оружје за Украина.

На прес-конференција во Виетнам, Путин рече и дека Русија го задржува правото да испорачува оружје на Северна Кореја. Русија не ја исклучува испораката на оружје за други земји, како одговор на испораките за Украина, рече Путин, додавајќи „Западот нека размисли каде ќе заврши ова оружје“, пренесува Риа Новости.

Рускиот лидер рече и дека Москва размислува за можни промени во својата нуклеарна доктрина.