Ја убил вонбрачната жена и ја фрлил завиткана во најлонски вреќи и ќебе
Единицата за насилен криминал на СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против И.Е.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „убиство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.
На 03.08.2019 во куќа на ул.„Гарибалди“ во населба Шуто Оризари, во која живеел во вонбрачна заедница со Х.Б.(33) од Скопје, поради меѓусебно недоразбирање, пријавениот физички ја нападнал и ја удирал со тврд предмет по главата, по што Х.Б. починала на местото. После тоа, пријавениот И.Е. го завиткал телото во најлонски вреќи и ќебе и го оставил во атарот на с.Горно Оризари, скопско, покрај патот кој води од нас.Шуто Оризари кон с.Горно Оризари. Телото било пронајдено два дена подоцна, на 05.08.2019.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата