„Ја држев за уши, Господ ми даде некоја сила“: Цане Србиновски за нападот од мечка
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов го посетил повредениот 61-годишен Цане Србиновски, жител на село Дреновци во Општина Долнени, кој во неделата беше нападнат од мечка на планината Мукос, на месноста „Сеча“, во поширокот атар на селото Оморани на територија на Општина Чашка, соопшти ЦУК.
Србиновски два дена по нападот бил пронајден од неговите блиски од семејството и од местото каде што ги чувал кравите и каде што престојувал во инпровизиран објект „колиба“, бил пренесен во болница во Велес, од каде што по укажаната медицинска помош и давање соодветни медикаменти, бил пуштен на домашно лекување.
Во разговорот со Ангелов, Србиновски детално раскажал како го нападнала мечката, како се чувствувал и какви повреди добил.
- Србиновски при нападот од мечката успеал инстиктивно, по неговото соборување на земја, со нозете да се одбрани, а го бранеле и неговите две помали кучиња. Притоа, се здобил само со повреди, а ситуацијата била сериозна, бидејќи мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално. По нападот, Србиновски се вратил назад во неговата колиба, заедно со стадото крави, но таму поради изнемоштеност, изгубил и најверојатно заради претрпениот шок, не се јавило веднаш за помош, при што поминал цело едно деноноќие, информирале блиските на Србиновски за ЦУК.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола