Извршил разбојништва во аптеки и обложувалница, приведен битолчанец
Криминалистичката полиција при СВР Битола на 18.04.2023 го лиши од слобода Н.Д.(43)од Битола поради сомнение за извршени разбојништва на подрачјето на Битола.
Како што информираат од МВР, на 11.04.2022 околу 08.00 часот, пријавениот со цел да се стекне со противправна имотна корист, во аптека на ул.„Солунска“ во Битола, со закана со пиштол кон вработената, од магацинскиот простор одзел пари, на 16.05.2022 во 08.40 часот, пријавениот во обложувалница во комплекс Безистен во Битола, со закана со нож од вработената одзел пари и на 18.04.2023 во 06.55 часот, Н.Д. од аптека на ул.„Димитар Илиевски Мурато“, со закана со нож кон вработената, од магацински простор на аптеката, одзел пликови со сметки.
- Н.Д. е приведен и против него до ОЈО Битола е поднесена пријава, поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, предвидено и казниво по чл.237 ст.1 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на лицето му е определена мерка притвор од 30 дена, информира МВР.
Ново на Сител
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница
-
Поевтинуваат горивата ова се новите цени