Извршени сообраќајни контроли на територијата на СВР на Охрид и Битола
На територијата на СВР Охрид и СВР Битола, изминатиот викенд спроведена е акциска контрола од областа на сообраќајот за санкционирање на несовесните возачи со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.
МВР денеска соопшти дека на територијата на СВР Охрид од страна на полициската станица за безбедност на патниот сообраќај поради управување автомобил под дејство на алкохол биле исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи на три лица.
Поради управување автомобил без стекнато право за управување моторно возило, односно без положен возачки испит, исклучени од сообраќај се две лица, а поради пречекорување на брзината на движење во населено место односно управување автомобил со над 30 километри на час повеќе од дозволената на шест возачи издадени им се платни налози за наплата на глоба.
Акциски контроли беа реализирани и во Струга, при што не се затекнати возачи при управување моторни возила под дејство на алкохол. Вкупно четири лица управувале автомобил во населено место со поголема брзина од дозволената.
На територијата на СВР Битола, постапувајќи по акциската контрола вкупно биле стопирани 157 возачи, при што извршено е алкотестирање на 114 возачи и утврдено е присуство на алкохол кај 25 возачи, исклучени од сообраќај биле 32 возачи, на 21 возач им се одземени возачките дозволи и издадени се вкупно 28 платни налози. Исто така превземени се 22 мерки по останати прекршоци.
- Акциските контроли се реализираат со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, доследно почитување на одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и подигнување на степенот на безбедносна култура, стои во соопштението и се додава дека МВР ќе продолжи со спроведување на засилени контроли на патиштата и превземање мерки за санкционирање на прекршителите на Законот за безбедност на патниот сообраќај и др, особено кај оние возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол и непочитување на максималната дозволената брзина.
Ново на Сител
-
Украина и Русија разменија нова група затвореници согласно договорот од Истанбул
-
Русија бара Иран да продолжи со соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија
-
Викендов во Скопје ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци
-
Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица
-
Хегсет го брани нападот врз Иран: Програмата е „уништена“, и покрај сомнежите
-
Интерпелација за Костадиновски во Собрание
-
Еврокомисијата очекува договор со Словачка и Унгарија за 18-от пакет санкции кон Русија
-
Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање