Извозот на жито од Украина расте и покрај руската инвазија
Украина извезла 8 отсто повеќе жито и мешунки на годишно ниво за фискалната 2021/2022 година, која заврши на крајот на јуни, и покрај руската инвазија, јави ДПА.
Извезени се вкупно околу 48,5 милиони тони, што е повеќе од пријавените 44,7 милиони тони за фискалната 2020/2021 година, соопшти Министерството за земјоделство во Киев.
За јуни, пак, извозот е намален за 44 отсто на годишно ниво и падна на 1,4 милиони тони, а причината е прекинот на извозот по морски пат.
Извозот на пченица за финансиската 2021/2022 година исто така бележи пораст на годишна основа и тоа за повеќе од 12 отсто, достигнувајќи 18,7 милиони тони. Сепак, извезените количини за јуни се за речиси 80 отсто помалку во однос на истиот месец лани.
Меѓународните хуманитарни организации стравуваат дека поради прекинот на украинскиот извоз како последица на војната може да дојде до уште поголем пораст на цената на прехранбените производи, особено на житото за леб. Стравувањата главно се поврзани со можното избивање на глад во Африка и Азија.
Во моментот, на полињата во Украина растат околу 22,48 милиони тони пченица, што е за 17 отсто помалку во однос на просечните вредности за последните четири години, покажува анализата на најголемиот трговец со земјоделски стоки во Германија „БајВа” (BayWa) врз основа на сателитски податоци.
Ново на Сител
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје