Извозот на Хрватска лани изнесуваше 23,9 милијарди евра, 30,3 отсто повеќе од годината претходно
Вредноста на хрватскиот извоз на стоки минатата година изнесуваше 23,9 милијарди евра, што е за 30,3 отсто повеќе во споредба со 2021 година, додека увозот е зголемен за 46,4 отсто, на 41,6 милијарди евра, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика.
Посилниот раст на увозот од извозот се одрази и на надворешно-трговскиот дефицит, кој од 10 милијарди евра во 2021 година се искачи на 17,6 милијарди евра лани. Според овие податоци, минатата година хрватските компании извезле стока во вредност од 16,4 милијарди евра во земјите членки на ЕУ или за 31,6 отсто повеќе од 2021 година.
Истовремено, вредноста на увезената стока од земјите членки на ЕУ е зголемена за 34,6 отсто, на 29,3 милијарди евра.Извозот во земјите кои не се членки на ЕУ се зголеми за 27,4 отсто, на 7,5 милијарди евра, додека во исто време има силен скок на увозот на стоки од земјите што не се членки на ЕУ, за 84,9 отсто, на 12,3 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден