Фудбал
18. December 2023 - 12:47

Извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите

Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), денес во 12 часот со жрепка беа одредени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите.
Заследете нѐ на Телеграм

Пред извлекувањето 16-те екипи беа поделени во две групи, носители и неносители, при тоа две екипи од иста земја и два учесника во иста група од групната фаза не можеа да се сретнат во осминафиналето.

Извлечени двојки за осминафиналето во елитното фудбалско натпреварување:

Порто – Арсенал
Наполи – Барселона
ПСЖ – Реал Сосиједад
Интер – Атлетико Мадрид
ПСВ – Борусија Дортмунд
Лацио – Баерн
Копенхаген – Манчестер Сити
Лајпциг – Реал Мадрид

Првите натпревари од 1/8 финалето ќе се одиграат на 13, 14, 20 и 21 февруари 2024 година, а реваншите на 5, 6, 12 и 13 март.