Македонија
14. јуни 2024 - 13:37

Извлечен првиот добитник на JEEP Avenger во големата наградна игра на „Тинекс“

На 11.06.2024 беше првото извлекување од големата наградна игра на „Тинекс“, „Тинекс и партнерите 30 години заедно со вас“.
Со голема радост, „Тинекс“ објави дека првиот добитник на Jeep Avenger е Нина Маркиќ, која со своето учество во оваа игра стана среќна сопственичка на престижниот автомобил.

Церемонијата на извлекувањето се одржа во ТЦ „Зебра“, во присуство на претставници на „Тинекс“, како и бројни гости, кои беа дел од ова возбудливо случување. „Тинекс“, кој веќе 30 години претставува симбол за квалитет и иновација во малопродажбата, со оваа наградна игра им благодари на своите верни потрошувачи и партнери за долгогодишната поддршка и доверба.

Добитничката на џипот изјави: „Навистина многу ме изненадивте, не очекував да ја добијам наградата затоа што никогаш до сега не сум добила ништо на било каква наградна игра.
Секојдневно пазарам во „Тинекс Деликатесен“, бидејќи живеам на Водно и секојдневно поминувам таму. Случајно, првата сметка што ја имав, жената на каса ми кажа дека сметката исполнува услови за учество во наградната игра. Направив после уште една сметка и си ги чував сметките и еве, си добив кола.  
„фала многу, не знам што многу да кажам, бидејќи сум сѐ уште возбудена. Ви посакувам на сите да си добиете ваков клуч.“

Покрај главната награда, беа доделени и 35 други вредни награди, меѓу кои: велосипеди, телевизор, електрични тротинети, робот правосмукалки, климатизери, телефони,  прочистувач на воздух, фритези на топол воздух, кафемати, пегли на пареа, звучници, цедалки и вредносни ваучери.

Сите добитници се објавени на официјалната веб страница на „Тинекс“.
Следното извлекување ќе се одржи на 10.07.2024 и сите учесници имаат уште многу шанси да освојат вредни награди. „Тинекс“ ги поканува сите да продолжат да пазаруваат и да учествуваат во наградната игра, каде што секое купување може да донесе голема награда.