Извештајот на СЈО пред Комисијата за политички систем
Извештај за сработеното денеска на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе поднесе Специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 септември 2017 до 15 март 2018 година.
Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци е поместен како последна точка на дневниот ред на Комисијата. Ова е петтиот шетмесечен извештај за работата на СЈО.
Се очекува извештајот да биде презентиран од специјалната обвинителка Катица Јанева.
Членовите на собраниската комисија меѓу другото ќе расправаат и за годишните извештаи за 2017 година за работата на неколку институции.
На дневен ред се годишните извештаи за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права, како и на Агенцијата за администрација.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика
-
Медали за сите 7 вина на Монтеко на престижниот вински натпревар Декантер