Израелските сили продолжуваат со бомбардирањето на Појасот Газа
Израелската војска продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа како одговор на координираните напади на исламистичката група Хамас.
Израелските одбранбени сили денеска на Телеграм објавија дека во моментов е во тек голем напад врз цели поврзани со Хамас во Појасот Газа.
Израел беше изненаден од големиот напад на милитантите на Хамас од Појасот Газа во саботата и возврати со масовни воздушни напади на територијата. Повеќе од илјада загинаа на секоја страна, а повеќето од загинатите беа цивили.
Израел собра околу 300 илјади резервни војници и оклопни возила на границата со Појасот Газа.
Копнената офанзива ќе биде започната врз Газа „кога е погоднo за нашите цели, рече портпаролот на израелски одбранбени сили Џонатан Конрикус на дневен брифинг емитуван на „Х“.
Тој додаде дека се надева дека четврток ќе биде потивок, бидејќи, како што кажа, „ни претстои долг и многу, многу опасен пат“.
-Целта на израелската војска беше да стигне до Хамас во неговата мрежа од тунели и бункери под густо населениот Појас Газа, рече Конрикус.
Ново на Сител
-
Нема медицински кадар, а се бркаат стручни лица од болниците
-
Малолетнички бракови тренд во Прилеп
-
Регионален центар за управување со отпад за истокот и североистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се најде ли натпартиски консензуз за уставните измени со одложено дејство
-
Тема на денот со министерот за култура, Зоран Љутков
-
ДМ Дрогерие Маркт донира над 200 диспанзери со хигиенски влошки за јавни универзитети
-
Пораката од таткото на Вања: „Кажете само колку пари треба?“