Израелската армија тврди дека биле убиени 12.000 оперативци на Хамас
Израелските одбранбени сили (ИДФ) проценуваат дека убиле 12.000 оперативци на Хамас од почетокот на војната во Појасот Газа, додека Хамас тврди дека е половина од тој број.
Се верува дека Хамас со околу 30.000 борци има илјадници тешко ранети кои биле исфрлени од машината, јавуваат израелските медиуми.
Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека 29.092 лица загинале во Појасот Газа за време на војната меѓу палестинското исламистичко движење и Израел.
Израелските медиуми јавуваат дека овие податоци не се потврдени и дека министерството не прави разлика меѓу цивили и борци, иако неколкупати беше објавено дека повеќето од загинатите се жени и деца.
Во бројот на жртвите не се вклучени вооружените мажи убиени во Израел на 7 октомври во нападите на палестинските екстремисти, предводени од Хамас, на јужна израелска територија.
Претходно денеска, претставник на Хамас од Катар изјави дека исламистичката организација проценува дека изгубила околу 6.000 борци.
Израелските медиуми наведуваат дека Хамас ретко потврдува дека трпи големи загуби.
Ново на Сител
-
Променливо облачно со повремен слаб дожд
-
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Куба
-
Македонските ракометари поразени во Литванија
-
Кога една остварена цел, отвора можност за нова | Славјанка Петровска | Sitel Podcast 069
-
Манчестер јунајтед има три победи и едно реми по отпуштањето на Тен Хаг
-
Пуштено на домашно лекување момчето тешко повредено при пукање во Арачиново
-
Само 23 отсто од Французите го поддржуваат Макрон
-
Ревија на стари автомобили се одржа во Тетово, најстар беше „Фиат“ од 1932 година