Свет
23. September 2024 - 7:48

Израелската армија соопшти дека спроведува „опсежни“ напади врз цели на Хезболах во Либан

Либанските медиуми известуваат за големи израелски воздушни напади во јужен Либан, како и длабоко во земјата во долината Бекаа.

Израелската армија (ИДФ) во исто време соопшти дека спроведува опсежни напади против Хезболах во Либан и оти подоцна ќе даде дополнителни детали.