Израелската армија отвори оган врз хуманитарен конвој на ОН
Израелската армија неколку часа ја држеше на нишан и неколку пати отвори оган врз хуманитарен конвој на Обединетите нации, кој учествуваше во кампањата за вакцинирање на децата во Газа против детска парализа, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН.
Конвој од неколку агенции на ОН, вклучително и Палестинската агенција за бегалци (УНРВА), бил „запрен од израелските сили“ на контролниот пункт Ал Рашид иако ги имал сите потребни овластувања, информира Стефан Дижарик.
Тим од 12 персонал на ОН „беше информиран дека израелските сили сакале да испрашуваат двајца членови од конвојот“, рече тој.
– Ситуацијата брзо ескалираше, војниците го вперија оружјето директно кон нашиот персонал во конвојот, а возилата на ОН беа опколени од израелските сили и отворија оган, рече тој.
Потоа се приближија израелски тенкови и булдожер, „удријаќи ги возилата на ОН и од напред и одзади, блокирајќи го конвојот“, додаде Стефан Дижарик, истакнувајќи дека вработените не можеле безбедно да излезат од возилата.
– Конвојот беше држен на нишан додека високи претставници на ОН контактираа со израелските власти за да се обидат да ја деескалираат ситуацијата и по седум и пол часа на контролниот пункт, конвојот се врати во својата база без да може да ја изврши својата хуманитарна мисија, рече тој.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бориза златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе