-->
-->
Израелската армија издаде нови предупредувања за евакуација на Кан Јунис во Појасот Газа
-->
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа нови предупредувања за евакуација на Палестинците од областа Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа и дополнително ги прилагодија границите на хуманитарната зона одредена од Израел, исклучувајќи ја населбата Ал Џала поради истрелувањето ракети од таа населба кон Израел.
ИДФ соопшти дека има намера да дејствува против Хамас во населбата Ал Џала поради големиот број напади од тој кварт врз Израел и дека стана опасно за палестинските цивили да останат во таа област, пишува Тајмс оф Израел.
Израелската војска соопшти дека ја прилагодува хуманитарната зона врз основа на „прецизни разузнавачки информации што укажуваат дека Хамас инсталирал терористичка инфраструктура во таа област“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повикај пријател или професионален коуч? | Марина Анчевска | Sitel Podcast 065
-
Пукање кај Смилковско езеро
-
Во период од 20 минути вчера во Скопје пријавени два инциденти со физички напад од страна на група лица
-
Приведен маж поради закана за поставување експлозив пред куќа во тетовско Мала Речица
-
Пронајдена неексплодирана граната од Втора светска војна на нива во скопско Бојане
-
Пронајден починат затворник во КПУ „Идризово“
-
Кривична пријава за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана
-
Полицијата повторно го уапси Акиф Равманоски кој беше помилуван од претседателката Сиљановска Давкова