Израел во екот на војната во Газа договори купување на 25 американски ловци Ф-35
Израел договорил да купи 25 американски борбени авиони Ф-35, потврди израелското Министерство за одбрана и додаде дека тоа е трета ескадрила борбени авиони Локхид Мартин кои се интегрирани во израелските вооружени сили.
Израелските воздухопловни сили ќе имаат на располагање 75 од овие „невидливи“ авиони. Испораката се очекува да почне во 2028 година, со три до пет авиони годишно.
Авионите ќе го чинат Израел околу три милијарди долари.
Министерот за одбрана Јоав Галант рече дека набавката на третата ескадрила авиони Ф-35 „ја одразува силата на стратешкото партнерство меѓу Израел и САД“.
Во писмо до американската влада, Галант вети дека американското оружје ќе се користи во согласност со меѓународното право.
Во екот на војната во Појасот Газа, постојано има меѓународни протести против испораките на американско оружје за Израел.
Американскиот претседател Џо Бајден минатиот месец се закани дека ќе ја прекине испораката на некои видови оружје доколку Израел ги нападне густо населените урбани центри во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред