Израел призна дека по грешка го погодил возилото на ОН за достава на храна
Израел им соопшти на Соединетите Американски Држави дека прелиминарната истрага покажала дека пукале во возило на Светската програма за храна (WFP) во Појасот Газа по „грешка во комуникацијата“, изјави заменик американскиот претставник во Обединетите нации, Роберт Вуд.
„Ги повикавме итно да ги поправат проблемите во нивниот систем“, рече Вуд на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Газа.
„Израел не само што мора да ги признае своите грешки, туку мора да преземе конкретни активности за неговите војници повеќе да не пукаат во персоналот на ОН.
Светската програма за храна во средата привремено ги прекина своите операции во Газа, велејќи дека најмалку десет куршуми погодиле едно од нејзините јасно означени возила додека се приближувало до израелски контролен пункт.
Во соопштението се додава дека конвојот од две оклопни возила добил „неколку одобренија од израелските власти да се приближи“ до контролниот пункт кај мостот Вади Газа во вторникот вечерта, при што погодено е едно возило, но нема повредени.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток