Израел нападна цел во Сирија како одговор на напад со дрон
Израелската војска денеска соопшти дека нападнала цел во Сирија како одговор на напад со беспилотно летало врз училишна зграда во јужниот израелски град Еилат еден ден претходно.
- Пред кратко време, ИДФ ја нападнаа организацијата во Сирија која изврши лансирање на беспилотно летало кон Еилат вчера (четврток), кој погоди училиште во градот, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) рано утрово.
- ИДФ го смета сирискиот режим целосно одговорен за секоја терористичка активност што произлегува од негова територија. ИДФ строго ќе одговори на секоја агресија врз израелска територија, се вели во соопштението.
Училиште во приморскиот туристички град Еилат вчера беше оштетено од дрон од непознато потекло. Вчера попладне ИДФ соопштија дека ги разгледува деталите за инцидентот. Нема извештаи за жртви.
Ново на Сител
-
Израел категорично го отфрла извештајот на агенцијата поддржана од ОН, кој потврдува масовен глад во дел од Газа
-
Кац: Градот Газа може да биде уништен и портите на пеколот ќе се отворат над Хамас
-
80-годишник дошол на преглед во болница, му се слошило и починал
-
Повредени две девојчиња на тротинет откако автомобил удрил во нив, сторителот избегал од местото на настанот
-
Две малолетнички починале откако со четирицикл излетле од патот во кичевски
-
ЦУК: Активни пожари во Прилеп и Долнени
-
Најсложена трансплантација на коска извршена на Клиниката за ортопедија
-
79-годишна тетовчанка измамена за 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци