Изминатото деноноќие издадени 1.208 потврди за барање азил
Во изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 1.208 странски државјани, од кои 505 се од машки пол, 244 се од женски и 459 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Како што соопшти денеска МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 605, Авганистан - 443 и Ирак - 160.
Во периодот од 1 јануари 2016 до 23 јануари 2016 година, издадени се потврди на вкупно 39.043 странски државјани, од кои 16.484 се од машки пол, 8.359 се од женски и 14.099 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител.
Во периодот од 00:00 до 24:00 часот на 21 јануари годинава до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК