-->
-->
Измамен за посредување работа во странство, жител на неготинско село оштетен за 77.461 денари
-->
Измамен за посредување работа во странство, жител на неготинско село бил оштетен за 77.461 денари, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Вчера во 12 часот во ОВР - Неготино, 39 - годишник од неготинско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 77.461 денари. Според пријавеното, тој стапил во контакт со лицето преку група на социјална мрежа за посредување за работа во странство, по што разговарале и телефонски и му ветило дека ќе му обезбеди работа во странство, појаснуваат од СВР - Велес.
Како што било пријавено, од февруари до пријавувањето, во неколку наврати ги уплаќал парите преку банка, но, досега немало резултат и сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг
-
Приведен 18-годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Ѓоковиќ и Мареј ставија крај на соработката
-
Пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво | ФОТО
-
Васил Јованов осуден на 12 години
-
Турција ќе отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии
-
Гејминг индустријата во Србија лани со приходи од 214 милиони евра
-
Забрана за 15.000 аргентински навивачи за влез на стадионите на Светското клупско првенство