Изложбата „Мост“ на Сузана Зафирова до крајот на јули во „Јавна соба“
Изложбата „Мост“ на Сузана Зафирова е отворена до крајот на овој месец во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.
Она што е карактеристично за изложбата „Мост“ е дека нуди вечерни разговори со авторот на тема според која се изработени сликите.
Зафирова се обидува низ своите дела да одговори на повеќе прашања, како кои се новите ѕидови на жената, како нејзиниот емоционален капацитет го бои етерот, кои се нијансите меѓу можностите на жената онакви какви што сите би ги признале и онакви какви што се во секојдневието. Со чист ликовен израз и апстрактна сликарска игра овие прашања се одговорени на платно и на хартија со маслени и акрилни бои.
- Жената има жива улога денес, не е статична, улога која добива нови форми и менува стовековни социјални и родови пејзажи. Промена во родовото сценарио значи и ребаланс на моќта, а со тоа и на одговорноста, изјави авторката.
Во текот на 15 тематски циклуси Сузана Зафирова има одржано над 40 самостојни изложби на Балканот. Влезот за сите посетители е слободен.
Ново на Сител
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД