-->
-->
Изложбата „Импулси“ на македонскиот скулптор Слободан Милошески во КИЦ Софија
-->
Во Културно информативниот центар на Македонија во Софија вечер ќе биде отворена изложбата „Импулси" на македонскиот скулптор Слободан Милошески. Тој ќе се претстави со дванаесет скулптури од неговиот најнов творечки опус, изработени во комбинирана техника.
Изложбата ќе ја отвори директорот на Центарот, Васко Шутаров а проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура.
Слободан Милошески е роден на 02.05.1977 г. во Охрид, Македонија. Во 2001-ва година дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје, а во 2009-та на Факултетот за ликовни уметности, отсек вајарствo, во Скопје, на кој отсек и магистрира во 2011 година. Моментно е докторант на Националната уметничка академија во Софија, на катедра скулптура.
Милошески има реализирано 12 самостојни изложби во Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора. Учествувал на повеќе од четириесет групни изложби во Македонија и странство. Реализирал седум проекти за поставување на скулптури во јавен простор. Добитник е на тринаесет награди и признанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поплави во Чешка и Полска по циклонот „Борис“
-
Велешанец на граница фрлил кутија од цигари во која имало дрога
-
Девојче, жена и маж се повредени – со возило излетале од пат кај Страцин
-
Папа Франциск: Трамп и Харис се „против животот“, гласајте за „помалото зло“
-
Столтенберг: НАТО можеше да стори повеќе за да се спречи војната во Украина
-
Приведен прилепчанец затекнат при кражба во викендица
-
Искрење од жици, запалена трева, стрниште и плевна причини за пожари - кривични за 4 битолчани
-
Формирано ново одделение за сериозен и сложен криминал во ОЈО Скопје