Изложба на предмети изработени од стаклени шишиња на ресенчанката Ирена Пешеска
Околу 350 предмети изработени од стаклени шишиња синоќа беа претставени во изложбениот простор на Домот на културата „Драги Тозија“ на првата изложба на 16 годишната Ирена Пешеска од Ресен.
Пешеска, која е ученичка во втора година во гимназијата Цар „Самуил“ боледува од церебрална парализа и се движи во количка.
Нејзината мајка Гордана, појасни дека Ирена на необичен начин дошла до идејата да создава уметност со стакло. Пред една година случајно скршила стаклен предмет дома и за да не биде искарана го залепила со лепило и бронза и создала вазна, која и ја подарила на својата мајка. Оттогаш, го открила и сопствениот талент, па работејќи со скршени шишиња и создавајќи уметност од нив, досега направила околу 350 предмети, кои можат да најдат украс и примена во секој дом.
- Во еден разговор, Ирена ми рече дека е свесна оти не може да работи и заработува, но можеби овие лични изработки покрај задоволство, ќе и донесат и одредена финансиска помош. Тоа го нагласи повеќе пати и истакна дека ова може да и биде животна цел. Таа размислува да ја прошири својата палета на изработки и во слики.Ирена е пресреќна, а оваа изложба само и даде поттик да размислува понатаму да се занимава со ова хоби, рече мајката на Ирена, Гордана Пешеска.
Организаторот на изложбата, директорот на Домот на културата „Драги Тозија“ Васко Василевски изрази задоволство за укажаната можност Ирена да го претстави своето творештво.
- Задоволство ми е што нашата установа е домаќин на изложбата на Ирена, која преку својата работа докажа и покажа дека инвалидитетот не е пречка да се твори и да се создава. Уметноста е нешто кое треба да се истакне, како што тоа го прави Ирена, преку своите предмети, истакна Василевски.
Изложбата беше посетена од голем број сограѓани на Ирена и имаше продажен карактер. Со симболични цени беа продадени околу 200 од изработените предмети. Покровител на изложбата е покровителство на градоначалникот на Општина Ресен, Ѓоко Стрезовски, со поддршка на Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Нова блокада на обвинителството во Нови Сад, туркање меѓу припадници на опозицијата и полицијата
-
Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете
-
Зеленски за Фокс Њуз: Доколку САД ја прекинат помошта Украина ќе ја изгуби војната против Русија
-
Грција зафатена од 24-часовен штрајк поради инфлацијата и барањата за повисоки плати
-
Макрон го повика Путин да се вразуми
-
Атлетик: Гвардиола ќе го продолжи договорот со Манчестер сити
-
Скопје прв најзагаден град во Европа
-
Надал: Сакам да бидам запаметен како добар човек од мал град на Мајорка