Македонија
7. July 2016 - 16:02

Изложба на „Полска школа на плакат“

Во Градската уметничка галерија при Локалната установа градски музеј, Крива Паланка денеска беше отворена изложбата на плакати од Полската школа за постери.

Изложбата се реализира во рамки на проектот „Музеум линк“ на Музеј на град Скопје и 18 музеи надвор од Скопје.
 
- Ова е прва од бројните изложби кои планираме да ги презентираме пред пошироката јавност во градовите низ Македонија, што е и основна цел на проектот за вмрежување со кој се опфатени 18 музеи од државата. Идејата потекна од нас бидејќи Музеј на град Скопје има контакти со сите странски мисии и годишно циркулираат околу 30-тина изложби и многу ни е важно да ги види што поголема публика. Сите 18 музеи ја поддржаа таа идеја и проектот се реализира со сопствени средтсва, а таа идеја ја поддржа и препозна и Полската амбасада која ја финансира изложбата, а останатите трошоци ние како сестрински музеи ги делиме, изјави Јасминка Намичева, кустос-советник во Музеј на гард Скопје и автор на проектот „Музеум линк“.
 
Тој рече дека ова е прва ивложба која се покажала како функционална, а целта е , како што рече, скопската публика да не биде привилегирана во понудата на културни настани.
 
- Проектот не смее да биде свртен само кон една публика, поради тоа го создадовме и проектот „Арт-линк“ кој ги обединува сите државни и приватни универвитети и прави спој помеѓу музејската и универзитетската заедница, чиишто таргет-групи се младите и студентите, додаде Намичева.
 
Повод за „Полски плакат“ е богатата збирка која ја донесе Полската амбасада во РМ, и истата е повод за нови спроекти кои студентите ќе ги прават во иднина.
 
- Веќе договоривме проект, конкурс за изготвување плакат на тема „Туристичка промоција на Македонија во светот“ на која младите поттикнати до полскиот плакат ќе можат цело лето да размислуваат и творат. Според контактите со професорите, веќе има многу заинтересирани, а конкурсот ќе заврши на почетокот на декември. По жирирањето ќе се направи изложба која веќе од 1 јануари 2017 година ќе кружи на секои две седмици низ музеите“, дополни Намичева.
 
Според директорот на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, Драган Величковски, прокетот „Музеум линк“ е одлична можност да се вмрежат и соработуваат ситре  музеи.
 
- Покрај на ниво на изложби ќе можеме да оствариме и останата соработка за други проекти и истражувања што е во прилог н аразвој и афирмација на нашите музеи-установи, рече Величковски.
 
Изложбата била прикажана најпрвин во универзитетските градови, Штип, Тетово, Битола, Струмица, понатаму била прикажана  во Кратово, од денес е во Крива Паланка, каде ќе биде поставена две недели, по што ќе продолжи во Куманово, Виница, Прилеп, Неготино, Кавадарци и Гевгелија.