Изложба на Марјан Ѕингаров во КИЦ на Македонија во Софија
Вечерва во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Софија беше отворена изложбата „Реминисценции“ на познатиот македонски сликар што живее и работи во Софија, Маријан Ѕингаров.
За изложбата говореа д-р Иво Пецов кој зборуваше за апстрактното сликарство на Ѕин, познатиот бугарски новинар Даниел Ненцев, директотот на КИЦ д-р Сашко Насев кој се осврна на естетиката и културата која секогаш гради мостови меѓу луѓето каде и да се и кои и да се.
Во присуство на голем број дипломати, уметници, новинари и пријатели на КИЦ изложбата ја отвори амбасадорката на РСМ во БГ, г-ѓа Агнеза Руси-Поповска која потенцираше дека ќе работи во унапапредувањето на односите меѓу двете држави.
Сликарот Маријан Ѕин заблагодарувајки им се на сите присутни емотивно ги повика гостите да уживаат во изложбата „Реминисцеции“ и прими благодарница од Сашо Тодоровски, директор на културните институции во Куманово за несебичната помош на Ѕингаров во воспоставувањето на уметничките врски меѓу Куманово и Русе.
Со еден ваков великолепен културен настан започна богатата и голема програма на КИЦ на РСМ во Софија за 2023-та година.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје