-->
-->
Изложба на македонската уметница Марија Сотировска - Богдановска во Берлин
-->
Изложбата „Условен круг“ на македонската уметница Марија Сотировска-Богдановска од вчера е отворена во „Прима центарот“ во Берлин.
Изложбата се состои од четири одвоени целини низ кои е претставена интимна приказна што се обидува да допре до различни социјални, општествени и родови системи на вредности кои преку своите дела ги опишува Сотировска - Богдановска.
Во изложбата преку вметнување на народниот вез, авторката се обидува да го претстави цикличното повторување на постоењето, категориите време и простор, перцептивното и визуелното. Во делата доминираат нетрадиционална везбена орнаментика и геометриски мотиви во повеќе бои и нијанси кои авторката ги користи за да даде свое уметничко објаснување за овој естетски момент кој се користи како облековен елемент важен при одредувањето на општествениот, економскиот и родов статус.
Сотировска - Богдановска преку навидум едноставна но комплексна приказна која прикажува интимни ситуациии пред јавноста поставува прашања и ги критикува и апелира на преиспитување на родовите, општествените и социјалните позиции. Таа со својата уметност цели кон ослободување од конзервативните традиционални општествени влијанија и сугерира отфрлање на стегите, стереотипите и лажните морални обележја на културната историја и културниот идентитет, кои условно се наследени од општествената поддреденост.
Марија Сотировска Богдановска во 2006 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство, со насока конзервација и реставрација во 2011 година магистрира сликарство на истиот Факултет. Нејзината изложба која е остварена со помош од Министерството за култура на Република Макеоднија, берлинската публика ќе има можност да ја види до 7 Мај оваа година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш
-
Жените од руралните средини како хероини
-
Осми март го наполни Охрид со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега