Изложба на ликовни дела од партнерскиот проект „Art of breaking limits“
Изложба на делата на учесниците во партнерскиот проект помеѓу ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, ООУ Рајко Жинзифов - Чаир, ООУ Аврам Писевски – населба Бардовци и Дневниот центар за лица со церебрална парализа од Скопје, а во соработка со Македонското Монтесори Здружение како модератор на работилниците денеска ќе биде отворана на Филозофскиот факултет во Скопје
Програмата се реализираше преку седум ликовни работилници низ кои учесницте се запознаа со некои од најголемите светски уметници како што се: Моне, Дега, Климт, Матис, Ван Гог, Пикасо и Фрида Кало.
Оваа Програма е развиена од страна на Македонското Монтесори Здружение и беше преставена во рамките на меѓународниот проект "Срцето и душата на инклузијата" во Љубљана (Словенија) како дел од проектот Еразмус+ која е оценета како високо инклузивна програма.
Организаторите информираат дека проектот се фокусира на користењето на уметноста со цел формирање врски помеѓу децата од различна возраст, со различни способности и различна културна и етничка припадност. Идејата, како што истакнуваат, е да се поттикне креативноста кај учениците, да се развие способност за соработка и да се развие чувство за заедницата во која секој член може да даде свој придонес.
Целта е да се покаже на родителите, локалната самоуправа и на пошироката јавност позитивен пример за надминување на разликите и предрасудите на различна основа.
Проектот “Art of breaking limits” е финансиран и поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Македонија, во рамките на програмата „Градиме мостови“, заедничка иницијатива на Министерството за образование и наука, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, и Швајцарската амбасада.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Интеграцијата на ЕУ да се темели на напредок, а не билатерални прашања
-
Тема на денот со професор Методи Хаџи Јанев
-
ВО ЖИВО: Мицкоски во Брисел на средба со Фон дер Лајен и Мишел
-
Борисов бара оставка од Николовски или крај на разговорите со Македонија
-
Албанските партии нема да седат мирни по укинувањето на балансерот, се најавуваат закони за правична застапеност
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од западно-нилска треска
-
Дефицитот од докторски кадар во ЈЗУ ќе се надоместува со приватни специјализанти
-
СДСМ: Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец