Изложба на фотографии „Невидливите жени“
Во Јавна соба денеска напладне ќе биде отворена изложбата на фотографии „Невидливите жени“.
Фотографиите документираат портрети на локални жени во нивното секојдневие во Тетово, Гостивар, Дебар, Битола и Свети Николе. Направени се за време на теренската кампања „Жените буџетираат“ на Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска, а се авторско дело на Дона Џамбаска и Лилика Стрезоска.
На настанот ќе биде промовирана и публикацијата „Родовата рамноправност во локалните буџети“, која содржи наоди и препораки од едногодишниот мониторинг на локалните буџетски процеси.
- Истражувањата направени за време на проектот се однесуваат на следење на буџетскиот процес кој не е само процес на балансирање меѓу приходната и расходната страна на буџетот, туку и процес на поставување на приоритети и донесување на одлуки за прашања што влијаат на секојдневниот живот на мажите и жените и тоа на различни начини, соопшти организаторот.
Изложбата е завршен настан од проектот на Акција Здруженска „Родовата рамноправност во локалните буџети“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество и спроведуван од Фондацијата Отворено општество - Македонија.
Општата цел на проектот е да е да го унапреди третманот на родовите прашања во буџетското планирање на локално ниво преку зајакнување на капацитетите и поддршка на локалните НВО за следење и застапување на родовата еднаквост во буџетските процеси.
Ново на Сител
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси