Македонија
9. March 2017 - 8:46

Изложба на дела од скулпторот Васил Василев во галеријата „Остен“

Во рамки на оф-програмата на Остен Биеналето на цртеж, денека напладне во Галерија „Остен“ ќе биде отворена изложба на објекти, скулптури и цртежи на Васил Василев,  еден од најзначјните македонски современи скулптори.

На настанот ќе биде промовирана и графичка мапа „Асоцијативни форми", со што Василев ќе биде дел од уметниците кои се претставени со свои графички мапи во библиотеката на графички мапи „Светско културно наследство" - проект кој Остен го почна во 2015-та по повод 70 години од постоењето.

- Василев е важен соработник на Остен. Тој е добитникот на наградата ИМАФ (Интернационална фондација за музика и уметност) на Остен Биенале на цртеж Скопје 2016 и е прогласен за Остенов уметник на годината 2016, информира „Остен“.