-->
-->
Изложба „Круг и квадрат“ во кумановскиот Центар за култура
-->
Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечер ќе биде отворена изложбата „Круг и квадрат“ на академските ликовни авторки Петра Јовановска и Валентина Илијевска.
Љубителите на уметноста ќе имаат можност да разгледаат преку триесет дела коишто ќе бидат презентирани на изложбата, работени во комбинирана техника со нагласена употреба на колажот, графиката и дигиталниот принт.
Според Роберт Цветковски, стручен соработник за изложбена дејност во „Трајко Прокопиев“, постојат одредени сличности во творештвото на двете уметници, но истовремено, како што рече, публиката ќе ја воочи и особеноста на уметничкито израз претставен на колажните дела, како графики и дигитални принтови.
- И двете авторки се специјализирани за работење на графика и во тој сегмент имаат реализирано бројни изложби, проекти, имаат учествувано на ликовсни колонии и имаа среќа да се спојат и да најдат заеднички јазик во однос на нивните истражувања на темата круг и квадрат, како што е насловена изложбата, изјави Цветковски.
Двете авторки, нагласи, ќе се обидат да ги претстават своите концепти и истражувања во рамки на современиот визуелен израз базиран на дигиталната технологија и геометризирана структура, движејќи се по скалата од симплифицирани решенија до сложено структуирани композиции.
Изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен лихвар од Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9