-->
-->
Изложба „Фортификација на сино“ на Валентина Илијевска
-->
„Фортификација на сино“ е насловот на најновата, шеста по ред, самостојна изложба на младата кумановска уметница, Валентина Илијевска.
Шестата по ред самостојна изложба на Валентина Илијевска, прва изложба минијатури е продолжение на приказната отпочната во 2013 година со мини-артури, со поддршка од НЛБ банка, во чијшто изложбен салон беше поставена вчеравечер.
- Минијатурите се поставени како бедемски страни кои го штитат дводимензионалниот досега син квадрат кој провејува низ целокупното мое творештво. Сега овој квадрат е поставен тродимензионално, оправдувајќи го постоењето покрај со метафизичкиот свет, сега и со својата објективност, изјави Илијевска.
Изложбата содржи 28 минијатури, поставени на седум постаменти кои ги сиболизираат седумте светски чуда.
- Позитивно сум изненадена што во едно вакво време кога во државата владеат некои несогласувања, уметноста и културата проодолжуваат да се борат со своите вредности, додаде Илијевска.
Валентина Илијевска е родена 1987 година во Скопје, дипломира на ФЛУ, Скопје, оддел графика и графички техники во класата на проф. Мирко Вујисиќ, насока на конзервација и реставрација. Учествувала на бројни изложби во државата и странство, ликовни колонии од регионален и интернационален карактер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците