-->
-->
Излезеноста во Крива Паланка 7.75 отсто
-->
Од вкупно 16.849 граѓани со право на глас во Општина Крива Паланка, до 9 часот и 30 минути гласале 1282, што претставува 7.75 отсто од вкупниот број гласачи.
Претседателката на општинската изборна комисија, Моника Костова, информира дека гласањето се одвива непречено, без какви било неправилности, а сите 47 избирачки места на територијата на општината се отворени навреме.
-Во оваа општина правото на глас во текот на вчерашниот ден го искористија 265 изнемоштени и болни лица, додека во согласност со мерките и протоколите за заштита од Ковид-19 вкупно 29 Ковид-позитивни лица гласаа во домашни услови, изјави Костова.
На овие локални избори во Крива Паланка граѓаните одбираат помеѓу четири кандидати за градоначалник и исто толку листи за советници во општинскиот совет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце