Живот
22. July 2016 - 15:08

Излетал од работ на воден тобоган и падна на карпа!

 
Дејвид Салмон претрпел сериозни повреди по несреќата која му се случила на воден тобоган во Тексас.
 
Едноставно излетал преку работ додека се спуштал низ големиот тобоган и паднал од конструкцијата висока 5 метри.
 
Видеото го објавил на Фејсбук, а под него напишал дека моментално се наоѓа во болница во Остин и дека има повреди на грбот и рацете.
 
За среќа, тој нема да мора да оди на операција, па очекува наскоро да се врати дома во Далас.