Изјави на грчките политичари на денешните предвремени парламентарни избори
Грција ќе има влада уште вечерва, изјави лидерот на партијата Независни Грци Панос Каменос при денешното гласање на Крит.
- На денешните избори граѓаните треба да одлучат дали да го дадат својот глас на доверба за утрешниот ден на земјата. Сакам да испратам порака за слога и единство, рече Каменос додавајќи дека најголем непријател на земјата е поделбата и корупцијата.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, лидерот на Потами Ставрос Теодоракис, кој исто тка гласаше на Крит, повика на компромис.
- Од вечерва треба да сме подготвени за мали и оправдани компромиси. Да не се враќаме назад кон минатото. Грција може да успее, рече Теодоракис.
Лидерката на ПАСОК, Фофи Генимата ги повика сите гласачи кои во минатото гласале за нејзината партија, да го сторат тоа и денеска.
Предводникот на новоформираното Национално единство, Панајотис Лафазанис ги повика младите гласачи да гласаат и да кажат „не“ на договорот со кредиторите на земјата и на политиките на штедење.
- Младите не треба да апстинираат од гласање и треба да му се спротивстават на разочарувањето, ако сакаат да не бегаат во странство и да најдат работа во сопствената татковина, рече Лафазанис.
Лидерот на Комунистичката партија на Грција, Димитрис Куцумбас ги повика гласачите да излезат на гласање и да ја поддржат неговата партија.
Вкупно девет милиони и 837 илјади Грци денеска гласаат на вторните предвремени парламентарни избори годинава.
Во изборната трка учествуваат 14 политички партии и пет коалиции кои се натпреваруваат за 300 места во грчкиот парламент.
Ново на Сител
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени