Свет
26. September 2017 - 12:14

Изгоре џамија во Шведска, пожарот најверојатно подметнат

Џамија во шведскиот град Оребро изгоре ноќеска, а полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат.

Пожарникарите биле повикани во два часот утрово, кога пожарот веќе бил проширен низ објектот и џамијата во голема мерка изгорела.

Нема информација дали некој бил повреден во инцидентот, но полицијата испитува дали пожарот бил подметнат.

Џамијата била изградена во 2007 година и имала капацитет од 250 верници.