Свет
24. October 2018 - 21:22

Изгоре црква стара 150 години: Гром го погоди храмот, огнената стихија проголта се

Првата баптистичка црква во Вејкфилд, во Масачусетс, стара 150 години, целосно изгоре во пожар.

Очевидци рекоа дека пожарот бил предизвикан од удар на гром во камбаната на црквата и дека пламенот се проширил со голема брзина.

Иако во време на избивањето на пожарот во вторникот вечер биле во тек часови во црквата, за среќа никој не е повреден. За половина час се изгорело, а потоа целата конструкција се урнала.

Околу 100 пожарникари го гаснеле пожарот, а врелината можела да се почувствува во неколку градски блокови.