-->
-->
Изгаснати пожарите во Кичевско
-->
По напорните обиди во претходните две деноноќија, кичевските пожарникари ги изгаснаа сите пожари што се појавија на неколку локации во регионот.
-Утрово нема активен пожар на територијата на нашата општина, вели Емин Насуфи од Општина Кичево.
Тој ги пофали пожарникарите и припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување и на шумското стопанство „Лопушник”, како и Кризниот штаб.
Насуфи апелира уште еднаш граѓаните да се воздржаат од палење оган на отворено, особено стрништа , бидеќи последиците, како што рече, се огромни.
Според првичните неофицијални сознанија, факторот човек е причината за пожарите, а последиците се огромни. Изгореа шуми, нпо во тек е проценката од надлежните служби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш