Македонија
3. March 2022 - 11:00

Изгаснат пожар на покрив на погон во Струмица

Утрово околу 08:00 часот струмичките пожарникари за десетина минути изгаснаа пожар на покривна конструкција од погон за производство на мебел во поранешната фабрика „Треска“. Во пожарот нема повредено, но е причинета материјална штета.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, со навремената и брза интервенција спречено е ширење на пожарот кој се заканувал да го зафати целиот објект.

Во гаснењето учествувале пет пожарникари и едно против пожарно возило, а причините за пожарот дополнително ќе се истражуваат.