Издадени потврди за азил на уште 2.258 странски државјани
На вкупно 2.258 странски државјани вчера им била издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Од нив 966 биле од машки пол, 462 од женски, 819 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11 деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-853, Авганистан–959 и Ирак-446.
Од 1 јануари до вчера потврди за право на азил им биле издадени на вкупно 14.024 странски државјани, од кои, 5.834 се од машки пол, 2.927 женски, 5.215 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 48 деца кои патувале без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-6.043, Авганистан-4.913 и Ирак-3.068.
Од 1 јануари до вчера на полноќ, до Секторот за азил поднесени се три барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на четири малолетни лица од Авганистан.
Од страна на мобилните тимови на Црвениот крст, вчера на граничните премини Табановце и Гевгелија укажана е прва помош и асистенции во голем број случаи, а прибрани се и донации од различни донатори наменети за мигрантите, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“